СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ

Градоначалникот Талески оддржа редовна  средба со здруженијата на граѓани од Битола на која ги информираше за досегашните активности и заложби на општината во делот на соработката со граѓанскиот сектор преку реализација на заеднички проекти, давање на финансиска поддршка и сл. Исто така здруженијата го информираа за нивните досегашни активности, за одличната соработка со локалната самоуправа како и со  проблемите со кои се соочуваат со цел изнаоѓање на зедничко решение.
На средбата беше разговарано околу просторниот проблем со кој се соочуваат поголем број од здруженијата на граѓани.
Градоначалникот Талески ја прифати нивната идеја за отворање на Центар за здруженија на граѓани каде би се лоцирале поголемиот дел од активните здруженија.