Традиционално и ова година се обележа 10 јуни Денот на културата во организација на Општина Битола и соработка на сите културни институции во градот со богата програма.
Денот започна со културно уметничките друштва од градот и селата Новаци и Могила, потоа настапија пеачкото друштво „Сирма Војвода“ и учениците од Државното музичко училиште.
За љубителите на уметноста изожба имаа ЗУР Македонски ракотворби и изложба на Димитар А.Папрадишки во НУ Завод и музеј.
На пладне НУУБ „Св.Климент Охридски“ организира изложба на нови книги од Програмата на Владата на РМ (преведени стручни научни книги и учебници)
Во вечерните часови битолчани уживаа во етнолошкиот документарен филм „Ниту че продолжи ниту ништо“, театарската претстава „Осамениот Запад“ и арт киното „Празни шишиња“.