ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО

 

Битолските пожарникари денеска го одбележаа Денот на пожарникарите, 20 мај.

„Ова е голем ден за сите нас затоа што денес славиме 177 години постоење на противпожарната единица и тука сме да ја продолжиме таа долга традиција“- изјави командирот Костадин Поповски.

Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески присуствуваше на свеченото одбележување на Денот на пожарникарите  и се поклони пред спомен плочата посветена на пожарникарите положувајќи свежо цвеќе.

„ Тука сме во чест на нашите пожарникари, многу значајни луѓе кои се будни кога ни е најтешко. Она што посакувам е што помалку пожари во иднина, особено летово. Инаку, морам да кажам дека кога е во прашање противпожарната единица наследивме навистина катастрофална состојба, но во меѓувреме многу работевме и се потрудивме да ја промениме состојбата. Во моментов имаме 14 противпожарни возила и околу 30 пожарникари како и многу обучени волонтери. Денес битолската територијална противпожарна единица е на завидно ниво, соодветно обучена и со соодветна опрема. Во иднина акцентот ќе биде ставен на што повеќе обуки со цел што поголем број на обучени луѓе, со акцент на самите мештани“- рече Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески.

На 20 мај 1836 година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред во Македонија и на Балканот.