ОБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

ОБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

 Со рецитал посветен на македонските револуционери во Народниот театар беше свечено одбележан Денот на револуционерната борба на македонскиот народ.
Свеченостите по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба во Битола започна со положување на цвеќе на споменикот на револуцијата пред Центарот за   култура..
Цвеќе положија Градоначалникот на Битола, Владимир Талески заедно со директорите на институциите за култура од Битола, претсавници на Советот на општина Битола, претставници на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, претседателот на Сојузот на борци од Битола, Илија Малевски, претставници на Сојузот на пензионери од Битола и други граѓани.
 На пладне започна сценско-музчкиот рецитана посветен на револуцинерната борба, на кој учествуваат артисти од Народниот театар од Битола, мешаниот хор на КУД “Стив Наумов” од Битола, КУД “Илинден” и солисти.