ЗАТВОРЕН 31 ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „БРАЌА МАНАКИ“

ЗАТВОРЕН 31 ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „БРАЌА МАНАКИ“

Свечано беше затворен 31 фестивал на филмската камера на кој  говореа директорката Лабина Митевска, Градоначалникот Владимир Талески, Волмош Жигмонд и други.
Претседателот на интернационалното жири Вилмош Жигмонд, му ја врачи наградата на  годинешниот лауреат Мартин Гхшлахт –Златна „Камера 300“
Сребрената „Камера 300” му припадна на кинематограферот Беноа Деби од Белгија за филмот „Влез во празно”, додека бронзената „Камера 300” му беше врачена на кинематограферот Џона Бејач од Израел за филмот „Либан”, кој целосно е снимен во внатрешноста на еден тенк.
 Интернационалното жири едногласно одлучи наградата мала златна „Камера 300” да му припадне на кинематограферот Тиери Годфро за францускиот краток филм „Почетокот на зимата”.
Амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер на Вилмош Жигмонд му врачи посебно признание за културна дипломатија.
Според востановената традиција и годинава на ИФФК „Браќа Манаки” награди доделија Општина Битола на кинематограферот Адам Филенц од Унгарија, додека филмскиот концерн „МОС-Филм” од Русија го награди кинематограферот Кристофер Бокарне од Франција.
Годинешниот Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” заврши со проекција на американскиот филм „Ќе сретнеш висок мрачен странец” во режија на Вуди Ален, кинематографер Вилмош Жигмонд.