Традиционално десет години по ред беше обележан денот на руската дипломатија во Битола . По тој повод Градоначалникот Талески оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија НЕ Олег Николаевич Шчербак. Средбата беше искористена и за презентирање на ИЗ „Жабени” привлекување на руски инвеститори.
Претставници од конзулатите во Битола, руска делегација и други институции, Амбасадорот НЕ Шчербак и Градоначалникот Талески положија свежо цвеќе на споемникот Руски крст во градскиот парк во Битола.
