На последната електронска лицитација за продажба на парцели во ИЗ „Жабени“ јавија 12 нови инвеститори кои купија 16 парцели, од кои 15 за индустрија и една комерцијална. После оние 29 парцели од првите наддавања, сега имавме нова продажба, со што е продадено земјиште во површина од над 9 хектари.
Во исто време е во тек и објавата за продажба на парцели во поранешната касарна и тоа за деловни објекти и парцели за индивидуални куќи.
Со досегашните и идни инвестиции во Битола се очекува значајно подобрување на економската и социјалната слика во градот.