МИНИСТЕРОТ СТАВРЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

МИНИСТЕРОТ СТАВРЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Министерот за финансии Ставревски заедно со Градоначалникот Талески прво се сретнаа со претставниците на банките во Битола во врска со проектот на Владата „Купи куќа купи стан“ за кој постои голем интерес во Битола. Министерот Ставрески истакна дека  Битола  ќе биде една од најуспешните општини поради поволностите односно локациите кои ги дава на располагање општината како во касарната така и во останати други делови на градот.
Потоа Министерот Ставревски и Градоначалникот Талески оставрија работна средба со претставниците на бизнис секторот во Битола кој според него е доста динамичен и со големи апетити за инвестиции пособено во ИЗ „Жабени“. Министерот Ставревски најави нови можности за соработка и помош од страна на Владата на РМ.