ПРАТЕНИКОТ ОД АВСТРАЛИЈА НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

ПРАТЕНИКОТ ОД АВСТРАЛИЈА НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

На покана на Градоначалникот Талески дојдоа на прием  пратеникот од Австралија Милорад Додевски и советникот за инвестиции од дијаспората за да ги слушнат можностите за инвестиции кои се најдобри во земјава и да ја интензивираат културната соработка заради големиот број иселеници во Австралија од Битола.

Досега во ИЗ „Жабени“ се пријавени 3 инвеститори од Австралија а исто така има интерес и за касарната. Се очекува скорешна посета на делегација од Општина Битола предводена од Градоначалникот Талески на нашите иселеници во Австралија.