Традиционално и оваа година се одржа манифестацијата „Избор на најдобр спортист за 2011“ во организација на Сојузот на спортови на Битола . Настанот го отвори Градоначалникот Талески и ја додели наградта најдобар спортист на Гордана Цветковски Бошевски по четврт пат спортист на Битола.
Во нејзината најуспешна година во кариерата, таа го освои сребрениот медал на Светското првенство во Скопје во октомври минатата година. Таа беше избрана и за најдобра во својот спорт во годишниот избор на кик-бокс федерацијата на Македо-нија.
Во изборот веднаш зад неа се најдоа капитенот на РК Пелистер Игор Тоскоски и мото-крос возачот Костов.
РК Пелистер најдобра сениорска екипа
Специјални награди Сојузот на спортови на Битола им додели на Звонко Шундовски (селектор на македонската ракометна репрезентација), Кире Грбевски (селектор на женската младинска фудбалска репрезентација) и Тони Бошевски (селектор на македонската кик-бокс репрезентација)
Специјално признание доби и Оливера Накова Биковска, најдобар спортист со инвалидитет, учесоник на параолимпијадата во Лондон во 2012 година.
Специјално признание од училишниот спорт добија професорите Весна Вељановска и Благој Долев, а признание доби и ОУ „Елпида Караманди“