ДЕН НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

ДЕН НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Во Битола денес беше одбележан Денот на руската дипломатија, и беа положени цвеќиња кај Рускиот крст, кој е поставен во чест на рускиот конзул Александар Аркадјевич Ростковски, кој загина 1903 година во Битола.
Повеќе делегации беа присутни на одбележувањето, меѓу кои и амбасадорот на Русија во Република Македонија Олег Шчербак, кој истакна дека токму во Битола беше создаден  „ Првиот руско императорски конзулат ”  во 1860 година. И затоа односите со градот Битола се од посебен карактер.
Градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, исто така му оддаде почит на руската федерација и изрази задоволство од соработката на проектот „ Јужен тек ” кој што се очекува во следниве неколку години да се реализира.