ВОДАТА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН СЕ НАМАЛУВА

ВОДАТА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН СЕ НАМАЛУВА

На денешниот состанок на кризниот штаб беше изнесено  дека според информациите кои се добиени ситуацијата се смирува во општините Новаци, Могила и во Битолскиот дел.
Во текот на вчерашниот ден беше интервенирано и на дел од локалниот пат во село Црнобуки, каде патот беше пресечен и беше поставена цевка Ф600.
Како информација беа дадени податоци за тоа колку од површините во Пелагонискиот регион се под вода. Проценката изнесува околу 17.000 хектари од кои 9 до 9.500 хектари се во општина Могила, 4 до 4.500 хектари се во општина Битола и 3000 хектари во општина Новаци.
Во координација со координаторот на Државниот кризен штаб, Министерот Миле Јанакиевски е донесен став за општините кои што пропуштиле да состават комисии за проценка на штетите, тоа веднаш да го направат.
Во следни активности кои што треба да се превземат беше наведено, лоцирање на местата каде треба да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација, и изготвување на заеднички документ од Пелагонискиот регион  до Министерството за животна средина  за санација и чистење на речните корита.
Во наредниот период Кризениот штаб ќе се свикува по потреба.