ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

На 23 октомври, 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешната Македонска Револуцонерна Организација.
Денес повеќе делегации со полагање свежо цвеќе на споменикот на Даме Груев го одбележаа 23 Октомври – Денот на македонската револуционерната борба.
„Овој ден потсетува на еден историски настан кој што се случил пред 120 години во Солун. Тоа е првото организирано однесување на македонските револуционери за организирана борба. Се работи за македонци кои сфатиле дека инцидентните и повремени организирања неможат да вродат со плод, а целта била организирање на борба која што ќе ја донесе слободата на Македонија. Тука е најверојатно зародишот на слободата, независноста, сувереноста на Република Македонија и затоа мислам дека нивниот пример е многу светол и многу значаен. Денеска чествуваме токму пред споменикот на Дамјан Груев кој што е еден од шестемина кои што биле во Солун и кои што навистина дале историски патоказ на сите македонски синови, изјави градоначалникот на општина Битола, Д-р Владимир Талески.