На првиот ден од програмата за дочек на Новата година најмладите можеа да уживаат во театарска претстава „Училиште за кловнови“, во песните на музичкиот фестивал „Тра – ла – ла“ како и во балетот на детското балетско студио САЊА.
Во вечерните часови се одржа традиционалниот Новогодишен концерт нa Камерниот оркестар од Битола.
