СПЕКТАКУЛАРЕН ДОЧЕК НА НОВАТА 2013 ТА ГОДИНА НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

СПЕКТАКУЛАРЕН ДОЧЕК НА НОВАТА 2013 ТА ГОДИНА НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

Со детската претстава „ Јунаците од цртаните филмови“,детскиот музички блок Тра ла ла и Детска претстава „Изгубената снегулка“ започна пладневната програма на Плоштадот Магнолија на 31 – ви декември. Пред вечерната голема забава атмосферата ја загреаа и настапите на Кристијан Пашовски, Рок група „Б-52“ и Х Бенд.
Вечерната програма започна од 18.00 часот, а исклучителната програма ја исполнуваа Рок банда, Crossroad blues band, Паркети, Памперс, Фолтин, исклучителното жонглерско шоу на Fuzz Bubble и настапот на Сефедин Бајрамов.
Како што наближуваше полноќ така и атмосферата стануваше се поисполнета, голем број битолчани од сите страни на градот постојано доаѓаа да се забавуваат со Нико, Магдалена Цветковска Ена, Виктор Апостоловски, Влатко Лозановски, Силви бенд, Димитар Андоновски и Боеми. Атмосферата достигна кулминација неколку минути пред полноќ кога започна настапот на Владо Јаневски, а точно на полноќ со спектакуларен огномет Дедо Мраз и Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески, заедно со сите изведувачи им посакаа на битолчани Среќна и бериќетна 2013 та година. Големата забава на преполниот Плоштад Магнолија продолжи до раните утрински часови.