ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ПРВОРОДЕНИТЕ ВО 2013 –ТА ГОДИНА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ПРВОРОДЕНИТЕ ВО 2013 –ТА ГОДИНА

На првиот ден од Новата година во Битола се родија 8 нови жители. Првото новороденче е машко, а се роди во Клиничката болница во Битола каде што се родија 6 новороденчиња, а останатите две новороденчиња се родија во приватната гинеколошко акушерска болница „Плодност“. Од осумте бебиња 6 се девојчиња.
Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески, традиционално и годинава ги посети среќните мајки и новороденчињата, во двете болници, а подарувајќи им пригодни подароци им ја честита оваа голема радост посакувајќи им среќна и бериќетна 2013 та година.