Во организација на Општина Битола се организира традиционален дочек на Новата 2009 год. со богата културно забавна програма. Програмата започна со детскиот фестивал Тра-ла-ла и театарска претстава. Потоа настапија Филип Крстевски, Бојан Стојков, Икс Бенд, Чоканче, Памперси, Деспина, Фолтин, Дани, Влатко Лозановски, Паркети и Блех оркестар „Блезери“ и Маријан Стојановски. Градоначалникот Талески ги поздрави битолчани и заедно со бројните граѓани на плоштадот Гоце Делчев ја испратија старата и дочекаа Новата година, со желби за добро здравје и срека во новата 2009 год. Потоа следеше голем огномет.
