Во НУ „Народен театар Битола“ на свечен начин беа доделени наградите „4-ти Ноември“. Наградата за животно дело ја доби Ѓорѓи Димовски – Цолев, наградите за едногодишни остварувања ги добија Кирил Трајковски и „Биосфера“ невладина организација за едукација, заштита на животната средина и природата. Посебно признание му беше доделено на Територијалната противпожарна единица од Битола.