Донација вредна над сто илјади евра во медицинска опрема викендов беше донирана во Клиничкиот центар во Битола од страна на Кралството Шведска, градот Халмстад и македонските иселеници кои живеаат таму. По тој повод беше организирана и свеченост на која присуствуваа донаторите, Амбасадорката на Кралството Шведска во Македонија, Улрика Кроненберг Мосберг, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, министрите за здравство, Имер Селмани, за локална самоуправа, Зоран Коњановски и за информатичко општество, Иво Ивановски, Директорот на Фондот за здравство, Горѓи Тренковски, пратеничката Анета Стефановска, како и македонски иселеници од Шведска.