Состанок на Комисијата за култура и образование при Советот на Европа во Дубровник

Состанок на Комисијата за култура и образование при Советот на Европа во Дубровник

 

   Градоначалникот на Битола, г-дин Владимир Талески, на 27 септември  учествуваше на состанокот на Комисија за култура и образование при Совет на Европа во Дубровник.

*

   На 28 и 29 септември во Средновековната тврдина Ревелин, во Дубровник,  во организација на Совет на Европа , Градот Дубровник и Европската Асоцијација на историски градови и региони, Градоначалникот г-дин Владимир Талески , Марјан Геровски-секретар на Општина Битола и
м-р Ирена Ружин- раководител на Туристички Инфо Центар присуствуваа на Меѓународниот Симпозиум на тема “Културен туризам- економска полза или загуба на идентитетот”.
  Од овој симпозиум произлезе Дудбровничката Декларација, која предлага интегриран, респектибилен, одржлив пристап за управување со културниот туризам, кој ќе овозможи  одржлив туризам кој ќе умее да се справи со масовниот туризам,  особено во најзначајните историски градови богати со културно наследство.
  Се истакнува потребата од активно вклучување на одговорни лица на интернационално, регионално и локално ниво.

*

  Градоначалникот оствари средби со Градоначалнчката на Дубровник, проф.Дубровка Шуица која е финалист во изборот за “Најдобар градоначалник во светот”,со  Јадран Антоловиќ-( Хрватска) – Државен секретар во Министерство за култура на Хрватска, со г-дин Фикрет Учкан- советник на Премиерот на Турција, Гаје Доганоглу- ( Турција) Анталија, Брајан Смит- ( В. Британија) ЕАХТР генерален секретар и др.

*

   Битола наскоро ќе биде член на ЕАХТР (Европска Асоцијација на историски градови и региони) основана  во октомври, 1999 год. од Совет на Европа под мотото “ Европа – зедничко наследство;
Членството на Битола  ќе значи партнерства со градови кои имаат искуство во развојот на културен туризам, пристап до Фондови кои финасираат во културното наследство, можност за присуство на тренинзи, семинари и конгреси на оваа област и др.