Еднодневен семинар за “Имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите”

Еднодневен семинар за “Имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите”

 

   Еднодневен семинар  за “Имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите” во присуство на Градоначалникот Талески и советниците на Советот на Општина Битола.
Министерството за труд и социјална политика во согласност со надлежностите и обврските кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на жените и мажите, усвоен од страна на Собранието на Република Македонија во мај оваа година, започнува со презентации за имплементација на законските обврски кои произлегуваат од законот, со посебен акцент на одредбите  кои се однесуваат на локалната самоуправа. 
   Со стапувањето во сила на овој Закон а согласно член 16,  единиците на локалната самоуправа во рамките на своите надлежности се должни да ги утврдуваат и унапредуваат еднаквите можности и да го почитуваат принципот на еднакви можности при усвојувањето на мерки и активности кои се потребни за воспоставување на истите.