Во посета на Градоначалникот Талески беше Почесниот конзул на Р.М. во Австрија

Во посета на Градоначалникот Талески беше Почесниот конзул на Р.М. во Австрија

 

   Во посета на Градоначалникот Талески беше Почесниот конзул на Р.М. во Австрија г-дин Вилхен Ридер и неговиот соработник г-дин Грунвалт. Се разговараше за  идната културната презентација на Битола во Австрија . Во прилог на ова Почесниот конзул г-дин Ридер  за најповолен момент го посочи 27 ноември кога Р.Македонија треба да има претставување во Австрија. Со согласност на Владата на РМ , Битола во оваа пригода треба да добие посебно место за културна презентација.
   Во контекст на културната соработка  исто така гостите се заложија за остварување на непосредни контакти со Претседателот на Комисијата за култура при Советот на Европа ( чиј член  е и Градоначалникот Талески) кој што е Градоначалник и на градот Инзбург –Австрија, за давање на можност за поголема културна презентација на Битола во Австрија и Европа.
   Се разговараше и за ангажирање на општината  Инерштад и Почесниот конзул да воспостават понепосредни релации за добивање на помош во повеќе области за Општина Битола.