Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и НВО Биосфера се обележа Ден без автомобили – чист воздух за сите со велосипедска трка по улиците на Битола. Присутните ги поздрави Градоначалникот Талески и Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Соња Липиткова. На најуспешните ликовни и литературни творби им беа доделени награди.