ДОДЕЛЕНО ЏЕПАНЕТО НА ЗАВОД, МУЗЕЈ И ГАЛЕРИЈА БИТОЛА

ДОДЕЛЕНО ЏЕПАНЕТО НА ЗАВОД, МУЗЕЈ И ГАЛЕРИЈА БИТОЛА

 

   Во присуство на Градоначалникот Талески, Министерот за одбрана Зоран Коњановски официјално  на Министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска му го предаде објектот наречен “Џепане” во Касарната или во поново време барутана, а таа тапијата за џепането и ја даде на директорката на Заводот,музеј и галерија, Лилјана Христова.
Старото „Џепане” или барутаната во која многу војски чувале муниција, е објект кој го граделе македонските ѕидари и големи мајстори на занаетот. Станува збор за четири цврсти објекти, кои гледани од високо наликуваат на крст. Според истражувачите, џепането било забележано и во творештвото на Марко Цепе
Објектот ќе служи за културно-историска промоција на нашата држава, ќе биде во функција на многу манифестации, ликовни колонии, работилници, конференции и други активности како туристичка атракција бидејќи под објектот има и многу тунели.