БИТОЛА ВО ТРКА ЗА БАЛКАНСКАТА НАГРАДА „ЛИДЕР ВО РАЗВОЈОТ НА КУЛТУРНИОТ ТУРИЗМОТ ЗА 2010“

БИТОЛА ВО ТРКА ЗА БАЛКАНСКАТА НАГРАДА „ЛИДЕР ВО РАЗВОЈОТ НА КУЛТУРНИОТ ТУРИЗМОТ ЗА 2010“

 

   Градоначалникот Талески оствари работна средба со претставниците на Балканската алијанска на хотелски, ресторански и туристички работници од Балканот – БАХА , кои дојдоа во посета на Битола која е во конкуренција за  престижната награда „Лидер во развојот на  културниот туризам за 2010“ заедно со уште неколку балкански градови : Будва, Мостар, Варна, Ниш ..
Градоначалникот Талески е убеден дека Битола ја заслужува оваа награда како резултата на големиот број на културни манифестации кои се реализираат во Битола и кои привлекуваат доста туристи да го посетата градот и уживаат во неговите убавини.
Во последно време е зголемен бројот на холандски туристи кои уживаат во културно историското наследство на Битола.