ПОТПИШАН СТАТУТОТ НА ЕВРОРЕГИОНОТ

ПОТПИШАН СТАТУТОТ НА ЕВРОРЕГИОНОТ

  

ПОТПИШАН СТАТУТОТ НА ЕВРОРЕГИОНОТ   

Градоначалниците на  општините Битола, Охрид, Струга , Прилеп и Ресен во четвротокот го потпишаа Статутот на фондацијата Еврорегион-Преспа -Охрид. Овој документ е од огромно значење во креирањето на Еврорегионот бидејќи претставува формално правен акт кој ги дефинира правата и обврските на петте општини кои од македонска страна заедно со по пет општини од грчка и од албанска страна во блиска иднина ќе го формираат еврорегинот кој ќе почива врз трилатерален протокол. Ваков документ досега потпишаа и општините во Албанија додека од грчка страна тоа се очекува да биде направено во почетокот на есента.
ЕВРОРЕГИОНОТ во својата конечна форма ќе претставува можност за заеднички настап на општините од трите гранични земји , Македонија, Грција и Албанија , пред фондовите на Европската Унија  како и пред фондовите на големи меѓународни организации кои имаат наменски средства за еврорегионите во светот.