Отворен факултет за глума

Отворен факултет за глума

 

  На денот на сесловенските просветители , Св.Кирил и Методиј , во Битола се отвори Претставништво на Славјанскиот Институт од Москва. Во склоп на ова претставништво ќе работат Факултетот за менаџмент , Факултетот за психологија и Факултетот за глума.Наставата ќе ја изведуваат врвни проферсори од овде и од Руската федерација на  два јазика: руски и македонски . Оваа година на овие факултети ќе можат да се запишат 170 студенти од кои по 70 на менаџмент и психологија а 30 на Факултетот за глума. На свеченото отворање на Славјанскиот  Институт зборуваа  Амбасадорот на РФ во РМ, Агарон Асатурк, Деканот на Актерскиот факултет во Москва, Људмила Кимовна Некрасова , академикот Никола Кљусев и Градоначалникот на Битола Владимир Талески.