Инструменталистите-дувачи,инаку добитници на високи меѓународни и републички признанија од Музичкото Училиште беа примени од Градоначалникот на Битола, Владимир Талески. На приемот беше речено дека Битола има реална можност да формира оддел на Педагошкиот факултет за дувачки и гудачки инструменти со што во континуитет ќе се создаваат кадри потребни за еден симфониски оркестар кој заедно со Битолската опера би биле здрава музичко-сценска основа во нашиот град.