ФУДБАЛСКАТА ЕКИПА НА ДИЈАСПОРАТА „КОРЕНИ 2007“ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

ФУДБАЛСКАТА ЕКИПА НА ДИЈАСПОРАТА „КОРЕНИ 2007“ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

 

   Градоначалникот Талески оствари средба со учесниците на фудбалскиот турнир на дијаспората „КОРЕНИ 2007“ кои одржаа турнир по повод 8 септември –Денот на државноста на РМ. Исто така на учесниците  им беа доделени плакети и награди од страна на Градоначалникот и заменик министерот за надворешни работи г-дин Зоран Пертов.