Градоначалникот со делегација од општина Битола присуствуваше на манифестацијата „Денови на културното наследство“ која што се одржа на 08/11/2006 година во еден од салоните на Националното Собрание на Франција. Имаше и своја презентација како резиме на активностите што локално се реализираат во доменот на културното наследство со посебен акцент на проектот „Сигналитика“.
На тркалезната маса на тема: „Европските историски центри кон ечно заедничко размислување и знаење“ присуствуваа претставници од повеќе земји од регионот и пошироко: Хрватска, Румунија, Бугарија…и тоа од локалната власт и експерти задолжени за културното наследство.
Престојот беше искористен за посета на градот Ангулем чија што асоцијација „Виа Патримоине“ е партнер во проектот Сигналитика, како и Саемот за културно наследство во Лувр како заокружување на активностите реализирани во овој сегмент од француското живеење.
Бројните средби беа искористени за договарање за идни проекти и тоа во прв ред за проектот наменет за старата Битолска чаршија- Изработка на инвентар/лична карта со сите елементи, почнувајќи од она што претставува градба, функционалност, историјат …