ОБЕЛЕЖАНИ 9 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА БИТОЛЧАНИТЕ КАЈ ГАЈРЕ, ШАР ПЛАНИНА

ОБЕЛЕЖАНИ 9 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА БИТОЛЧАНИТЕ КАЈ ГАЈРЕ, ШАР ПЛАНИНА

Со низа активности се одбележаа девет години од загинувањето на тројцата битолчани кај село Гајре во 2001 година, Влатко Миленковски, Благојче Симјановски-Џуџето и Пеце Матичевски.
Свежо цвеќе положи Градоначалникот Талески, претставници на Советот на Општина Битола, членови на семејствата на загинатите бранители, претставници на Министерството за одбрана на РМ.
Градоначалникот Талески најави дека од идната година  кога се навршуваат десет години од смртта на бранителите ќе се одбележува на новата локација, кај Саат кулата, а таму ќе се постави новиот споменик “Ангел”.