РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПЕЦО БОЖИНОВСКИ”

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПЕЦО БОЖИНОВСКИ”

Започна комплетната реконструкција на улицата “Пецо Божиновски” од кај малиот парк на улицата “Цар Самоил” па се до вклучувањето на “Партизанска”. Работите околу целосната реконтрукција ги започна ЈП “Нискоградба”, а по нив ќе работаат и екипите на “Водовод”, “ЕВН”, “Телеком”,  со што ќе се среди целиот подземен катастар.
Градоначалникот Талески  изјави дека со овој проект ќе се избегни сообраќаен хаос на овој дел од Битола, во централното градско подрачје, на една од најфреквентните улици во Битола, која поврзува два дела од градот.