ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ИЗГРАДБА НА ОБОДНИОТ КАНАЛ ВО НАСЕЛБА БАИР

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ИЗГРАДБА НА ОБОДНИОТ КАНАЛ ВО НАСЕЛБА БАИР

 

   Градоначалникот Талески го најави продолжувањето на активностите околу доизградба на ободниот канал во населба Баир.  Вкупната должина на каналот е 1.700 метра а сега се работи на негова доизграба уште  900 метри.  Средстваат во висина од 12 милиони денари се обезбедени од Владата на РМ поточно Министерството за животна средина од еколошката заштеда 00,7 %. од ЕЛЕМ и средства од буџетот на општината.
Со ова  каналот кој сега е отворен за брзо време ќе се затвори, а ќе ги прибира сите атмосферски води на ридовите над Битола кои при поројни врнежи целото ѓубре го слегуваа во централното градско подрачје.