ФОРУМ НА ТЕМА „ГОСТОПРИМСТВОТО Е НАШЕ МОТО“

ФОРУМ НА ТЕМА „ГОСТОПРИМСТВОТО Е НАШЕ МОТО“

Во организација на ЗГ Веритас и туристичкиот информативен центар се организира форум на тема „Гостопримството е наше мото“ на кој зедоа учество туристичките работници од градот, невладините организации, менаџерите на рестораните и хотелите.. Форумот го поздрави Градоначалникот Талески  и ја искажа поддршката што ја дава општината во делот на развојот на туризмот и го промовира Центарот за унапредување на туризмот за кој беше донесена одлука од страна на Советот на општината.
На форумот беше презентирано и кластерското здружување и неговата улога во имплементација на стратегијата за туризмот.