ПРОСЛАВЕН ПАТРОНОТ НА БИТОЛА СВЕТИ НЕКТАРИЈ

ПРОСЛАВЕН ПАТРОНОТ НА БИТОЛА СВЕТИ НЕКТАРИЈ

 

  
Со световни и црковни обичаи кои ги предводеше Владиката Петар беше обележан партониот празник на Битола Свети Нектариј Битолски.
По свечената литургија се одржа литија, која ја предводеше владиката Петар. Поворката во која имаше илјада битолчани, направи круг, од црквата “Св. Димитрија”, пред Библиотеката, од кај хотелот “Епинал” по Широк сокак, кај Саатот и повторно во црквата.
Градоначалникот Талески го прими во својот кабинет Владиката Петар.
На Плоштадот „Гоце Делчев” беше организиран од страна на општината музички хепенинг и беше поделена посна храна за граѓаните.