Отворена детска градинка во с. Бистрица

Отворена детска градинка во с. Бистрица

 

   Во рамките на проектот на Општинската јавна установа за предучилишно воспитување “Естреја Овадија Мара“ е отворена уште една градинка во с. Бистрица, со што заедно со претходните две градинки кои беа отворени во с. Кравари и с. Кукуречани, се  реализира овој проект за отворање на детски градинки во руралните средини. Градинката ја пушти во употреба градоначалникот Владимир Талески, а присуствуваа и претставници од Министерството за труд и социјална политика.