Во Битола се одржа Инфо ден за прекугранична соработка

Во Битола се одржа Инфо ден за прекугранична соработка

 

   Во Битола се одржа Семинар – Информативен ден во организација на Министерството за локална самоуправа во соработка со проектот CBIB – Институционално јакнење на прекугранична соработка, регионален проект финансиран од ЕУ. Целта на семинарот е информирање на јавноста за концептот на ИПА и ИПА Компонента II; програмите за прекугранична соработка 2007 – 2013 помеѓу Р.Македонија – Албанија и Р.Македонија – Грција. На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.