ГРАДИНКАТА СНЕГУЛКА СО ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ

ГРАДИНКАТА СНЕГУЛКА СО ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ

 

   Градоначалникот Владимир Талески свечено го  отвори ново адаптираниот престој за продолжен престој на децата во Детската градинка Снегулка каде ќе бидат згрижени триесетина дечиња од седумгодишна до десетгодишна возраст, од ОУ кои гравитираат кон тој реон , а тоа се ОУ Кирил и Методиј, Ѓорѓи Сугарев и Тодор Ангелевски.
 Просторот кој со години не беше во функција а  е адаптиран со помош на спонзори, за што сите добија и благодарници и пригодни подароци направени од децата, а кои на свеченоста им ги врачи директорката на Јавната општинска организација детски градинки Естреа Мара Лидија Петровска.
     Покрај огромната поддршка и заложба  на Градоначалникот Талески ,  соодветна помош дадоа и повеќе фирми од градот како што се ЈП Нискоградба, Макстрој, Даципласт, Техничкото училиште, Шеровски комерц, неколку невладини организации и поединци.