Во објектот Магаза, Градоначалникот Талески и Амбасадорката на Р:Франција во РМ Н.Е. Вероника Бужон Баре го промовираа на свечан начин проектот „СИГНАЛИТИКА НА ГРАД БИТОЛА“ кој е во реализација на Општина Битола и Француското конзуларно претставништво во Битола. Во рамките на овој проект на повеќе локации во нашиот град се поставени туристичко-информативни табли и јарболи кои ги означуваат поважните културно-историски споменици во Битола.