Градоначалникот Талески и почесниот конзул на Р.Словенија во РМ Михајло Мојсов беа во дводневан посета на збратимениот град Крањ-Р.Словенија. Градоначалникот Талески покрај средбата со Градоначалникот на Крањ Мохор Богатај имаше средба и со претставници на Стопанската комора на Р.Словенија за регионот Горењска –Крањ, со Регионалната занаетчиска комора и со Регионалната агенција за развој. Беше разговарано за идната соработка и помош околу аплицирањето во европските фондови на нашиот град како и размена на искуство.