Градоначалникот Талески го постави камен темелникот на новата мини хидроцентрала во Довлеџик, инвестиција на ЈП „Водовод“. Со оваа хидроцентрала ќе се произведува електрична енергија која ќе и се продава на ЕВН , а потоа водата ќе се преработува за пиење. Инвестицијата ќе чини пола милион евра а ќе се произведува 360 киловати струја. Средствата од наплатата на стујата ќе се користат за нови инвестиции во ЈП „Водовод“