ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ СО ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ СО ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА

Со подобрувањето на временските услови, викендов започна обележувањето на улиците во Општина Битола. Екипи од ЈКП Нискоградба на терен започнаа со обележување на пешачките премини, а за време на викендот ќе бидат обележани подолжните линии, по што активностите ќе продолжат со обележување на жолтите линии. Паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација се одвива и поставувањето на вертикалната сигнализација, односно сообраќајните знаци. И двете активности предвидено е да бидат завршени до крајот на месецот.
Обновувањето на хоризонталната и поставувањето на нова вертикална сигнализација на улиците ќе придонесе за поголема прегледност, а пред се безбедност во сообраќајот.