КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

На конститутивна седница во Салата на Советот на Општина Битола беше конституиран новиот Совет на Општина Битола.
На свечената седница се изврши верификација на мандатот на членовите на новиот состав на Советот на Општина Битола, по што новите членови на Советот дадоа свечена изјава.
Седницата како што е предвидено во Статутот на Општината ја предводеше највозрасниот член на Советот, Стојан Кулевски.
Советот на Општина Битола има 31 член, 17 од редовите на Коалицијата „За Подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ и 14 од Коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ.
За Претседател на Советот на Општина Битола е избрана Д-р Силвана Анѓелевска.
Градоначалникот на Општина Битола им честита на новите советници во Советот на Општина Битола изразувајќи искрени желби за успешна понатамошна соработка во интерес на граѓаните на Општина Битола.