Дрвеното мовче кое се наоѓа под големиот мост во близина на Безистенот долго време се наоѓаше во многу лоша состојба. Деновиве изведувачот ангажиран од Општина Битола започна со неговата реконструкција, а во изминатиот период извршена е комплетна замена на старите со нови штици. Комплетната реконструкција вклучува и поставување на нова ограда, а активностите ќе бидат завршени до крајот на оваа седмица.
Покрај овој мост во изминатиот период извршено е уредување и на пешачкиот мост кај Гимназијата Јосип Броз Тито, како и на пешачкиот мост пред Средното музичко училиште.
Покрај уредувањето и реконструкцијата на овие мостови во идниот период ќе се изврши и редизајнирање на мостовите на реката Драгор за што веќе се изготвени три проекти.