Во организација на Хрватскиот конзулат, во посета на Битола беа 130 бизнисмени од Хрватска кои беа заинтересирани за можностите за инвестиции во нашиот град, а особено беа заинтересирани за Индустриската зона „Жабени“ и можноста за инвестирање во зоната. Општина Битола во хотел „Епинал“ организира видео презентација, преку која гостите од Хрватска се запознаа со убавините на нашиот град и можностите за инвестиции кои ги нуди, а исто така им беше поделен и пропаганден материјал. Покрај Битола, бизнисмените од Хрватска ги посетија Скопје и Охрид.
