ОПШТИНА БИТОЛА СЕ ПРЕТСТАВИ НА САЕМОТ НА ОПШТИНИ ЗЕЛС ЕКСПО 2007

ОПШТИНА БИТОЛА СЕ ПРЕТСТАВИ НА САЕМОТ НА ОПШТИНИ ЗЕЛС ЕКСПО 2007

 

   Во Скопје се одржа третиот по ред Саем на општини ЗЕЛС ЕКСПО 2007, кој се организира секоја втора година и на кој зедоа учество повеќе од половината општини од Р. Македонија. На Саемот се претстави и Општина Битола со свој штанд, кој беше еден од најубавите, и на кој беше презентиран богат пропаганден материјал посебно од областа на културата.