Втор работен состанок со директорите на Јавните претпријатија од градот во врска со проектот ″Индустриска економска зона- Жабени

Втор работен состанок со директорите на Јавните претпријатија од градот во врска со проектот ″Индустриска економска зона- Жабени

 

   Градоначалникот Владимир Талески имаше втор работен состанок со директорите на Јавните претпријатија од градот во врска со проектот ″Индустриска економска зона- Жабени″. Беше презентиран проектот од страна на проектантот Јорго Шундовски.

  • поволна локација на зоната- 6.8 км оддалечена од Битола;
  • 1.2 км оддалечена од границата со Грција;
  • површина на зоната- 250 хектари;
  • предвидени се III фази од кои се планира да се започне со I фаза со површина од 85 хектари и до месец август, 2007 истата да биде завршена, со што околу 30 локации би биле готови за понуда на инвеститори.

Во вториот дел од состанокот стана збор за различни проекти:

  1. Систем за наводнување на зелените површини на ул. Партизанска и градскиот парк, заради нивно одржување- 19 000 000 ден- ЈП Стрежево;
  2. Заштита на Стрежевското езеро од загадување- идеен проект- е од голем приоритет и доколку постои можност заедно со соседните општини да се бараат средства за реализација од ИПА фондовите- 6 400 000 евра- ЈП Стрежево;
  3. Осветлување на ски патеките во Нижо Поле- 1 500 000 евра- ЈП Стрежево;
  4. Пловност на р. Драгор и осветлување- ЈП Стрежево;
  5. Орлови бари- идејно решение;
  6. Проект за Тумбе кафе.