Гостување на Националниот театар од Солун со античката драма ЕФИГЕНИЈА НА ТАВРИДИ од Еврипид
Во неделата на 16 јули, во античкиот театар Хераклеа, гостуваше Националниот театар од Солун со претставата „Ефигенија на Тавриди“од старогрчкиот трагичар и поет Еврипид.
Ова гостување всушност е дел од програмата на БИТ ФЕСТ 2006 и претставува продолжување на интензивната културна соработка меѓу градовите од Еврорегионот. Претставата ја следеа и Градоначалниците на Битола и на Лерин , г. Владимир Талески и г. Јанис Стратакис како и директорот на Националниот театар од Солун, г.Никитас Цакироглу. Публиката со особен интерес ја проследи претставата а беше забележливо и присуството на многу гости од Грција.
Претходно на прес конференција беше истакнато дека ова гостување од соседна Грција не е осамен момент и дека во иднина ваквите случувања ќе продолжат. Сработката меѓу градовите од Еврорегионот се повеќе се надградува а Битола се наметна како водечки град во овој огромен проект.
.
.
.
.