КВАЛИТЕТНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ ЗА СМИЛЕВСКИ БАИР

КВАЛИТЕТНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ ЗА СМИЛЕВСКИ БАИР

 

   Со Одлука на Советот на Општина Битола проблемот со водоснабдувањето во жешкиот летен период за Смилевски баир ќе се реши со инсталирање на нова пумпна постројка. ЈП „Водовод” на резервоарот кај Овчи баир ќе постави мала пумпна станица со која значително ќе се подобри снабдувањето со вода за сите домаќинства кои се наоѓаат над Основното училиште„ Тодор Ангелевски” односно на улиците: Работничка, Смилевска, Христијан Т.Карпош како и на делови од улиците Мукос, Истра , Љубојно и Струшка.
   Со реализацијата на овој проект кој чини околу еден милион денари , конечно ќе се обезбеди постојан и доволен проток на вода за пиење за граѓаните кои живеат на овој дел од Битола.