На последната седница на Советот на Општина Битола која се одржа на 24.07.2006 год. г-ѓата Лилјана Кузмановска беше избрана за нов Преседаел на Советот. Изборот на г-ѓата Лилјана Кумановска беше на предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и локалната коалиција.
Лилјана Кузмановска е дипломиран економист и е вработена во државниот завод за сатистика во Битола. Од локалните избори во 2005 година до нејзиниот избор за претседател на Советот, таа беше координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и претседател на комисиите за финансии и буџет, за мандатани прашања, избори и именувања и на комисијата за локален економски развој. Како што истакна при нејзиното именување, својата нова позиција, Претедател на Советот на Општина Битола ја разбира како обврска, а не како привилегија и во таа насока ќе се залага за конструктивно и иницијативно работење на Советот.
Нејзиниот претходник, г-динот Зоран Коњановски на истата седница поднесе оставка од позицијата преседател на Советот заради неспоивост со функцијата пратеник која што ќе ја извршува во Парламентот на Р. Македонија.